Запознајте го новото Dell Latitude семејство – интелигентни лаптопи за продуктивност во движење!
Ви треба интелигентен лаптоп со моќни перформанси кој е истовремено и модерен и лесен? Тогаш новото Dell Latitude семејство го има совршениот избор за вас!
Новите Latitude лаптопи се опремени со 12-та генерација Intel® Core™ процесори и Intel vPro®, како и брза меморија и нудат врвна соработка, поврзување и интелигентни функции за приватност што ги прави идеални за мултитаскинг и хибридно работење.
Овие лаптопи имаат иновативен дизајн со подобрен дисплеј и нудат фантастични видео повици. FHD IR камерите со двојни сензори осигуруваат јасен изглед, додека Neural Noise Cancellation интелигентното аудио ја елиминира бучавата во позадина. ExpressConnect пак, првата технологија за паралелна врска на две мрежи, ќе ви овозможи да уживате во побрзи преземања на податоци и видео.
Направете повеќе со Dell Optimizer – вградена интелигенција која учи и се прилагодува на начинот на кој работите!
Dell Optimizer е софтвер за оптимизација базиран на вештачка интелигенција, кој учи од вашиот начин на работа и автоматски ги подобрува перформансите на апликациите, траењето на батеријата, аудио поставките и приватноста – и сето тоа го прави додека работите.
Со интелигентни функции за приватност, ExpressSign-in, ExpressResponse, ExpressCharge, Intelligent Audio и ExpressConnect, Dell Optimizer го трансформира начинот на кој работите со најинтелигентните лаптопи во светот.
Новото Dell Latitude семејство нуди интелигентни лаптопи поделени 4 различни серии:
Dell Latitude 3000 – пристапни лаптопи и 2-во-1 уреди за професионалци во бизнисот, образованието и јавниот сектор, фокусирани на резултати и ефикасност.
Dell Latitude 5000 – компактни, лесни и скалабилни компјутери, дизајнирани за ефикасност и високи перформанси, за работа во канцеларија или во движење.
Dell Latitude 7000 – премиум лаптопи и 2-во-1 уреди со одлични перформанси, визуелно искуство и безбедност, идеални за тим лидери и менаџери.
Dell Latitude 9000 – лаптопи и 2-во-1 уреди дизајнирани за менаџери и лидери кои бараат врвна продуктивност, стил и поврзување.
Со 100% рециклирано и обновливо пакување, мали, лесни и модерни, Dell Latitude лаптопите се она што му треба на секој професионалец кој работи во движење!
За повеќе информации во врска со уредите од Dell Technologies, контактирајте го продажниот тим во ЛАТРОН на 02 329 83 38 или на email адреса office@latrondigital.mk