// Најнови проекти

Ново HCI-базирано решение со Disaster Recovery

Барањето на клиентот

Да се обезбеди модерна инфраструктура на технологија за Cloud услуги со висока достапност (повеќе од 99%) и гарантирана континуираност во работењето

Нашето решение

Промените во потребите за модерна, скалабилна и безбедна ИТ инфраструктура бараат внимателно планирање и дизајн на модерни решенија со користење на најновите достапни технологии. Проектот вклучуваше поставување на нова HCI и вирутелизирана платформа во примарниот дата центар на клиентот во Скопје, како и поставување на соодветна платформа во дата центар во Струмица и нивно соодветно поврзување. Имплементираната инфраструктура вклучува решенија од најпознатите светски производители како Dell Technologies, Cisco и VMware, и обезбедува не само високо-достапна континуираност на бизнис процесите (Business Continuity), туку и најсовремени технологии и методи за заштита и безбедност на податоците.

Нов серверски систем за зголемување на постоечки капацитет

Барањето на клиентот

Да се обезбеди зголемување на сопствените инфраструктурни/серверски капацитети во примарниот и секундарниот Дата центар на клиентот

Нашето решение

Постојаното надградување и проширување на обемот и видот на услуги кои ги обезбедува клиентот, доведува до потребата и од постојано проширување на капацитетите за процесирање на компанијата кои сето тоа би го овозможиле. Благодарение на професионалната соработка со еден од најголемите светски производители на инфраструктурна опрема Lenovo, Латрон беше во можност да испорача и имплементира робустно решение составено од повеќе од 60 сервери од најновата генерација.

Комплексен безбедносен систем за дигитализација на процеси за потребите на безбедносните институции

Барањето на клиентот

Дизајн, развој и имплементација на комплексен и високо-безбеден информациски систем за дигитализација на процеси

Нашето решение

Како поддршка на сеопфатната национална стратегија за дигитална трансформација, заедно со нашиот долгогодишен партнер Аитоникс, учествувавме во дизајнот и имплементацијата на специјализиран систем наменет за безбедносните структури на територијата на целата држава. Системот беше составен од три посебни компоненти – инфраструктурна, безбедносна и софтверска, и претставува едно од најсложените решенија имплементирани на територијата на Република Северна Македонија. Проектот вклучуваше користење на најнови модерни технологии (како HCI) од најголемите светски производители Dell technologies, Cisco и VMware, како и изработка на ново софтверско решение кое интегрира повеќе од 10 различни институции.

Ново специјализирано апликативно решение

Барањето на клиентот

Дизајн, развој и имплементација на специјализирано апликативно решение за следење на состојбата на мостовите во Република Северна Македонија, како дел од постоечкиот робустен Систем за управување со мостовите

Нашето решение

Во рамките на поширок проект за проценка на состојбата на мостовите на територијата на целата држава, беше изработено специјално апликативно решение за креирање на специјализирани записи на податоци за состојбата на мостовите, како и изработен национален регистар за чување на сите податоци поврзани со мостовите и нивната состојба. Новото апликативно решение беше интегрирано со други постоечки системи, со што беше направен значителен придонес кон стратешката долгорочна цел за обезбедување на безбедни патишта за сите граѓани.

Систем за управување со документи и процеси и Е-архива

Барањето на клиентот

Дизајн, развој и имплементација на специјализирано апликативно решение за управување со документи и процеси, и имплементација на систем за електронско архивирање

Нашето решение

Според барањето на клиентот беше изработено и имплементирано решение за управување со документи и процеси со кое беше овозможена комплетна дигитализација на процесите во институцијата, како и поголема сигурност и контролата на текот на истите. Решението беше интегрирано со посебен систем за електронско архивирање. Со имплементацијата беше овозможено реализирање на зацртаните цели на организацијата за овозможување на целосна дигитализација на документите, како и процесно структурирање на организационата поставеност заради поефикасно функционирање на службите.

// Клиенти