News

Новото Dell OptiPlex 3000 Семејство. Моќна технологија за вашите бизнис потреби!

Со Intel® процесори од 12-та генерација и DDR4 меморија до 64 GB, овие моќни компјутери, надградени во секој аспект, ви овозможуваат да работите на повеќе задачи истовремено и лесно да се справите со сите предизвици.

НЕСПОРЕДЛИВА СИГУРНОСТ И ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Поинтуитивни од кога било, со Dell Optimizer, уникатниот вграден софтвер базиран на вештачка интелигенција кој учи и се приспособува на вашите работни навики, новите десктоп компјутери од Dell OptiPlex 3000 семејството се создадени за продуктивност.

Што нуди Dell Optimizer?

ExspressResponse – оптимизирање на повеќе апликации одеднаш, за поперсонализирани перформанси.

ExpressConnect – побрзо преземање на податоци и видеа преку првата симултана мултимрежна врска во светот, поврзување на најдобрата достапна мрежа каде што работите.

Intelligent Audio – подобрување на аудиото и микрофонот и намалување на позадинската бучава без разлика од каде работите.

Компјутерите од Dell OptiPlex 3000 семејството се дизајнирани за максимална безбедност, со TPM 2.0, стандардни безбедносни слотови за заклучување, Padlock loop, Intrusion switch, SED хард диск и безбедносни аксесоари. Поддржуваат до четири дисплеи без потреба за дополнителна графичка картичка и обезбедуваат подобрени визуелни ефекти. Направени се со до 60% рециклирани материјали, вклучувајќи океанска пластика, а некои конфигурации се сертифицирани со EPEAT Gold и ENERGY STAR. Имаат опција за Wi-Fi6E и најширок избор на додадоци, вклучувајќи ги сите нови micro монтирања.

Со изразени перформанси и напредни опции за менаџирање, десктопите од новото Dell OptiPlex 3000 семејство се совршени за вашиот бизнис!

За повеќе информации во врска со уредите од Dell Technologies, контактирајте го продажниот тим во ЛАТРОН на 02 329 83 38 или на email адреса office@latrondigital.mk