Од идеја до иновација со најинтелигентните лаптопи во светот од Dell Latitude 7000 серијата
Постојано сте во движење и потребен ви е ултра лесен лаптоп со моќни перформанси кој ќе ви овозможи лесно да работите од било каде?
Тогаш вашиот совршен избор е лаптоп од Dell Latitude 7000 серијата. Зошто?
Идеални за тим лидери, директори, проект или продукт менаџери кои работат во тимови и имаат потреба од лесна и беспрекорна соработка, овие лаптопи се неверојатно дизајнирани со премиум изглед и моќни перформанси. Широкиот спектар на функции обезбедува одлична продуктивност и поврзување без разлика дали работите во канцеларија или сте во движење.
Напојувани од Intel® Core™ Ultra процесори и со Windows Copilot Key, овие компјутери со вештачка интелигенција лесно се справуваат со сложени работни оптоварувања и имаат подолг век на траење на батеријата.
Со FHD или FHD IR камера со HDR технологија која прецизно снима детали во предизвикувачки услови на осветлување ќе изгледате подобро од било кога на следниот конференциски повик. Latitude 7350, 7450 и 7650 исто така го имаат најдобриот аудио квалитет досега, со до 100% повеќе бас и 41% подобрување на гласноста. Ултра лесните конфигурации исто така имаат Collaboration Touchpad која ги става на допир критичните конференциски контроли на Microsoft Teams и Zoom.
Dell ги прави интелигентни. Вие ги правите свои.
Што е она што им дава дополнителна моќ и ги разликува од останатите лаптопи?
Dell Optimizer – AI базиран софтвер за оптимизација, со кој Dell Latitude го учат начинот на кој вие работите и се прилагодуваат да одговорат на сите ваши потреби.
Имаат премиум дизајн кој воодушевува.Latitude 7350 и 7450 се најлесните 13,3 и 14,0-инчни лаптопи во светот, достапни во прекрасна River боја со магнезиумска шасија. А имате и варијанта со алуминиумски лаптопи во класична Titan Grey боја достапни на 13,3, 14,0 и 16,0-инчни лаптопи.
И тоа не е сè – дизајнирани се со цел да го намалат влијанието врз животната средина!
Latitude 7350 е првиот светски премиум комерцијален компјутер кој користи 50% рециклиран кобалт во неговата батерија. Ултра лесните конфигурации Latitude 7350 и 7450 содржат до 90% рециклиран магнезиум во шасијата, додека Latitude 7350, 7450 и 7650 алуминиум конфигурациите ќе бидат испорачани со 50% пониски емисии и 50% рециклиран алуминиум во шасијата. Серијата Latitude 7000 ги исполнува највисоките еколошки стандарди за енергетска ефикасност и влијание врз климатските промени.
Се уште размислувате каков лаптоп да купите? Одберете Dell Latitude и работете самоуверено од било каде во светот со најинтелигентните и најсигурните лаптопи, одржливо дизајнирани за продуктивност во движење!
За ЛАТРОН
ЛАТРОН е официјален партнер на Dell Technologies во Македонија, систем интегратор за имплементација и поддршка на комплексни ИКТ решенија од сториџи, сервери, back up решенијa како и на commercial сегментот, бизнис производи, лаптопи, десктопи и монитори. Dell Technologies е пионер во иновациите, меѓу водечките светски технолошки компании кои ја движат дигиталната револуција напред. Со импресивно портфолио на иновативни производи со вештачка интелигенција, од хибридни cloud решенија, до компјутери со високи перформанси и амбициозни иницијативи за социјално влијание и одржливост, Dell Technologies го трансформира начинот на кој живееме и работиме со извонредни способности.
За повеќе информации во врска со уредите од Dell Technologies, контактирајте го продажниот тим во ЛАТРОН на 02 329 83 38 или на email адреса office@latrondigital.mk