// За нас

Вашиот партнер
за дигитална трансформација

Основана во 2013 година, компанијата Latron е систем интегратор специјализиран за дигитална трансформација и имплементација на најнови технолошки решенија и производи, истовремено создавајќи долгорочни односи со своите клиенти и партнери. Наша најголема предност се долгогодишното искуство на пазарот и високо квалификуваниот експертски тим кој е фокусиран на испорака на сложени дигитални решенија, засновани на најновите технологии и индивидуален пристап. Главните столбови на успехот на Latron, кои нè разликуваат од нашите конкуренти се работењето ориентирано кон резултати, обезбедувањето на решенија кои работат во пракса и постојаната надградба на нашето знаење.


Ние сме повеќејазичен, експертски тим од професионалци кои се:
• вешти во разбирање на ИКТ и посветени на континуиран личен и професионален раст
• вклучени во најсовремени проекти преземајќи огромни предизвици
• посветени на развивањето на професионални софтвери и на прагматични ИКТ алатки
• инспирирани од можностите на дигиталниот свет и нивната употреба во современиот бизнис

Нашата мисија
Mission
Нашата мисија е да останеме водечка ИКТ компанија на македонскиот технолошки пазар, со посветеност на дигиталната трансформација и остварување на вистински придобивки за нашите клиенти.
Нашата визија
Mission
Ставајќи ги клиентите во основата на нашиот бизнис, стратешки сме фокусирани на обезбедување соодветни решенија, усогласени со нивните потреби.
Нашата стратегија
Mission
Фокусирани сме на значајна диференцијација, секогаш обидувајќи се да понудиме дополнителна вредност и долгорочно партнерство.
Нашата филозофија
Mission
Секогаш ги прифаќаме промените и иновациите. Никогаш не престануваме да се развиваме - нашата компанија и ние самите.
What We Actually Do Latron
// Искуство. Посветеност. Резултати.

Што правиме всушност

Latron е доверлив партнер на голем број претпријатија, како и мали и средни компании. Нивните технолошки очекувања нè прават креативни, прилагодливи и подготвени да одговориме на сите предизвици.

//Сертификати и политики

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ со своето искуство, стручност и професионалност нуди квалитетни производи и услуги на своите клиенти, одговара на сите нормативни барања и е во согласност со меѓународните стандарди за работа во областа на трговијата со компјутерска опрема, сервисирање и развој на софтвер.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите и ги проучува нивните препораки, барања и рекламации, а притоа истите ги користи за подобрување на карактеристиките на производите и услугите и за усовршување на системот за управување со квалитет.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ се стреми кон одржување на висок професионалоизам и лојалност кон своите партнери и клиенти.

  • Раководството на ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ обезбедува мотивираност, вклученост и посветеност кон остварување на стратешките определби и цели на компанијата.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ се стреми да одржува тим од високо-квалификувани и мотивирани вработени, кои се свесни за важноста на своите дејствија, при што се остварува непречена, навремена и точна комуникација и соодветна дистрибуција на знaење.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ го поддржува Системот за управување со квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ се стреми навремено да ги идентификува ризиците и можностите во работењето, проактивно да управува со нив заради унапредување на производите, процесите и Системот за управување со квалитет.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ во своето работење применува процесен приод и врши идентификување, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на производите и услугите. Определува и собира неопходни информации за протокот на тие процеси и ги мери резултатите во однос на нивната продуктивност.

  • Раководството периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на Системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.


  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ изјавува дека главна цел на раководството и целиот персонал е да создава и доставува на своите клиенти продукти во согласност со нивните барања за квалитет и да гарантира доверливост, целосност и контролиран пристап до информацијата која е содржана во процесите што се извршуваат во компанијата.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ јасно ја одредува информационата безбедност, нејзините цели, области и степени на значење како механизми за обезбедување и/или користење на информацијата. На таа основа, ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ планира и применува ефективни организациони мерки кои гарантираат постигнување на поставените цели и се базираат на основните принципи на информациска безбедност.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ континуирано го зголемува нивото на информационата безбедност и заштита на информацијата од широкиот дијапазон на опасности, за да гарантира постојаност на процесите, заштита на бизнис интересите и зголемување на конкурентноста и деловните можности на компанијата.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ утврдува критериуми врз основа на кои се врши проценка на ризикот и спроведува мерки за намалување на ризикот.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ континуирано ги следи, изучува и ги внесува најновите научно – технички достигнувања во системот за управување со информациска безбедност.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ има високо квалификувани и мотивирани вработени, кои ги извршуваат навремено и на професионално ниво задачите за обезбедување на информациска безбедност.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ се стреми секој вработен да си ја осознава важноста на своето работење и да учествува активно во процесот на усовршување на системот за управување со информациска безбедност.

  • Во процесот на имплементација, поддржување и усовршување на Системот за управување со безбедноста на информациите, ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ работи во согласност со ISO 27001:2013 и други меѓународни и национални стандарди како и актуелната законска регулатива.

  • Политиката на ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ е во склад со стратешкото управување на ризикот во компанијата и ќе се одвива во насока на одржување и подобрување на Системот за управување со безбедност на информациите.

 

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ работи во согласност со прописите на меѓународниот сертификат ISO 14001:2015 за управување со животна средина, кој обезбедува рамка според која организациите можат да дизајнираат, имплементираат и постојано да ги подобруваат нивните еколошки перформанси.

  • Работејќи во согласност со ISO 14001:2015, ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ  презема проактивни мерки за да го минимизира нејзиниот еколошки отпечаток, се усогласува со релевантните законски барања и ги постигнува своите еколошки цели.

  • Во време на зголемена еколошка свест и зголемени глобални предизвици како што се климатските промени, загубата на биолошката разновидност и исцрпувањето на ресурсите, сите организации имаат клучна улога и е потребно нивно свесно работење во насока на справување со еколошките предизвици. Како социјално одговорна компанија, ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ  со усвојувањето на овој стандард ја потврдува својата длабока посветеност не само кон усогласување со регулативата, туку и кон тековното подобрување на животната средина.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ работи посветено во насока на тоа да ги употребува одговорно ресурсите со кои располага и континуирано да ја подобрува нивната ефикасност.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ се стреми кон намалување на отпадот кој го генерира во текот на своето работење, да ги намали трошоците, како и да обезбеди гаранција дека се мери влијанието од нејзината дејност врз животната средина.  

  • Основна цел на ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ  е да работи посветено и ангажирано за намалување на целокупното влијание врз животната средина, гарантирајќи отсуство на несакани ефекти предизвикани од нејзиното секојдневно работење.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ постојано вложува во подигнување на свеста на своите вработени и нивна инспирација за тоа да бидат движечка сила кон подобрување на животната средина, која е од огромно значење за секој поединец.


  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ работи во согласност со прописите на меѓународниот сертификат ISO 30301:2019 кој се однесува на развојот и спроведувањето на политиката и целите за управување со записи и дава информации за мерење и следење на перформансите на компанијата во оваа област.

  • Работејќи во согласност со ISO 30301:2019, ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ ја имплементира и континуирано ја применува политиката и целите за управување со записи засновани на барањата на организацијата, осигурувајќи авторитетни и веродостојни информации за деловните активности и докази за нивното креирање, управување и достапност за оние на кои им се потребни, онолку долго колку што е потребно.

  • Преку спроведувањето на ISO 30301:2019, ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ, исто така, гарантира транспарентност и следливост на одлуките донесени од одговорното раководство и препознавање на јавниот интерес.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ го следи процесниот пристап инкорпориран во системот за управување со записи, и ја нагласува важноста на идентификувањето на барањата за записи на организацијата, вклучувајќи ги потребите и очекувањата на заинтересираните страни;

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ спроведува оперативни контроли за управување со ризиците на организацијата во однос на управувањето со записи, во контекст на нејзините севкупни деловни ризици;

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ врши мониторинг, ги следи и анализира перформансите и ефективноста на системот за управување со записи

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ се заложува за објактивно мерење и постојано подобрување на резултатите од имплементацијата на системот за управување со записи  


  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ се стреми кон остварување на високo квалитетна имплементација и развој на софтверски решенија согласно конкретните потреби на клиентите;

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ нуди ефективна и континуирана поддршка за имплементираните софтверски апликации кај своите клиенти;

  •  ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ ги идентификува и анализира барањата на своите клиенти во однос на надградба на имплементираните софтверски апликации и им нуди најсоодветно решение согласно нивните потреби;ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ располага со високо-квалификувани вработени, потребни лиценци и опрема за обезбедување на сигурен и квалитетен сервис и одржување на ИТ опрема;

  • Раководството на ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ обезбедува мотивираност, вклученост и посветеност кон остварување на целите за управување со услугите.

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ се стреми навремено да ги идентификува ризиците во однос на испорака на високо квалитетни услуги и проактивно управува со нив заради унапредување на Системот за управување со услугите;

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ постојано го подобрува работењето преку воведување на технолошки иновации, развој на знаење, вештини и висок квалитет на сите понудени услуги;

  • ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ го поддржува Системот за управување со ИТ услуги во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 20000-1:2018;

  • Раководството на ЛАТРОН СОЛУШНС ДООЕЛ периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на системот за управување со услуги, како и поставување на цели за унапредување на услугите.